Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено во Битола -5, а најтопло во Дојран 4 степени

Утринските температури под нулата, во Берово минус осум, во Скопје минус пет

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Утрово во земјава најстудено било во Берово и Крива Паланка каде се измерени -5 степени целзиусови, а најтопло било во Дојран со 4 степени.

Во Скопје Петровец и Маврово се измерени -4 степени целзиусови,  -3 во Крушево и Лазарополе, -2 во Струмица, Тетово, Битола, Демир Капија, Штип, -1 во Прилеп, Охрид, Куманово, 0 Претор, Виница, Скопје Зајчев Рид, 2 Гевгелија, 4 Дојран.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 7 сантиметри во Попова Шапка и 4 во Маврови Анови.

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Преку ноќта облачноста ќе се зголеми.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица

Почина снимателот на МРТ Александар Мижимаков