Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено во Берово

Најстудено во Берово, максимални 11 степени во Крушево

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Утрово е најстудено во Берово, -6 степени, а максимални четири се измерени во Дојран.

Според УХМР, -5 е во Лазарополе и Маврово, -4 во Скопје Петровец, -3 во Тетово, -2 во Скопје Зајчев Рид, Струмица, Штип, Прилеп, Битола, Крива Паланка, Претор, Демир Капија и Крушево, -1 во Охрид и Куманово и еден степен во Гевгелија.

Времето е ведро и претежно тивко. Во текот на денот ќе биде сончево со максимална температура од 9 до 16 степени.

Во Скопје сончево со температура до 12 степени. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОКТА: Почнавме со иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година