Утрински Весник
Македонија

Утре ќе функционира третата смена во дежурните ординации во скопските поликлиники

Утре ќе функционира третата смена во дежурните ординации во скопските поликлиники
Dik 300x250 mk

Од Здравствениот Дом-Скопје информираат дека во текот на утрешниот ден (15 јули), кој е прогласен за неработен, поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, дежурните ординации за здравствена заштита ќе функционираат согласно вообичаениот распоред за работа за недела и за празници.

Во трета смена ќе работат ординациите во поликлиниките: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево