Утрински Весник
Македонија

Утре ќе се разговара за времетраењето на полицискиот час, а во сабота за олабавување на мерките

Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна
Dik 300x250 mk

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утре ќе се разговара за времетраењето на полицискиот час за претстојниот викенд, а веќе во сабота ќе се разгледаат можностите за олабавување на мерките кои би важеле од следната недела.

На денешната прес-конференција, Филипче посочи дека двата дена ќе се анализираат случаите на новодијагностицирани пациенти пред да бидат донесени било какви препораки.

– На утрешниот состанок ќе се дискутира за времетраењето на полицискиот час за време на викендот, а во сабота за тоа на кој начин ќе се димензионира олабавувањето на веќе донесените мерки, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

На утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести, како што рече Филипче, нема да присуствува претседателот на државата Стево Пендаровски. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца