Утрински Весник
Македонија

Утре ќе се одлучува за полицискиот час викендов и за работата на рестораните

Утре ќе се одлучува за полицискиот час викендов и за работата на рестораните

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести утре ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Го најавивме отворањето на угостителските објекти во оваа недела, но во текот на  дискусијата ги имавме предвид и претстојните празници за време на викендот, така што во текот на утрешниот ден ќе ја знаеме дефинитивната одлука согласно стручните препораки, истакна Филипче.

Најави дека утре ќе се расправа и за следните чекори на олабавување на мерки за одредени субејкти и економски оператори, кои ги најавиле за крајот на оваа недела, како и за следните чекори за евентуално дополнително олабавување на превентивните мерки.

Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам. нд/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јанчев од Левица: Барајте од другите пратеници поддршка за амандманот за прогласување на Кожуф за национален парк

(Видео) Три хеликоптери утрово повторно дејствуваат на пожарот кај Блаце

Денес и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) повторно над 40 степени!