Утрински Весник
Македонија

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Министерството за здравство соопшти дека утре во А1 СЦ Борис Трајковски ќе се вакцинираат пратениците од Собранието, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.

Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските служби.

„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, информираат од Министерството за здравство.

Во А1 СЦ Борис Трајковски во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација.

Министерството за здравство апелира до граѓаните кои сакаат да се вакцинираат да се пријават на vakcinacija.mk

Можете да прочитате

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК

Support Kocani: Денес e донирана и втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

СДСМ: Морбидни обивнувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите