Утрински Весник
Македонија

Утре студено време со врнежи од снег во поголем дел од Македонија

Утре студено време со врнежи од снег во поголем дел од Македонија

Времето утре ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови, информира УХМР.

Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Во Скопје претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од снег и се очекува да се формира помала снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 2 степена.

Во наредните денови ќе преовладува претежно суво и многу студено време, особено за време на викендот и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе се задржат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота на места ќе провејува снег.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Со смртни закани барал 3.000 евра од градоначалник – се бара притвор за едно лице од Неготино

Бујар Османи: Секој ден ни испраќаат емисари да влеземе во Владата по локалните избори

Есенва не очекува динамична атмосфера, ќе биде поладна, а снегот може да порани