Утрински Весник
Економија

Утре средба за африканската свинска чума, гости директорите на агенциите за ветеринарство од Бугарија и Србија

Африканската чума во Бугарија нема да ја зголеми цената на свинското месо  
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Директорите на агенциите за ветеринарство на Бугарија и Србија, професори од факултетите за ветеринарна медицина и за земјоделски науки и храна, како и одгледувачи на свињи, утре ќе одржат заедничка средба во Скопје на која главна тема ќе биде африканската свинска чума.

Како што вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев кој информира за средбата, состојбата кај нас засега е добра, болеста не е присутна, но мора да бидеме многу претпазливи.

-Утре ќе продискутираме за фактичката состојба која, генерално, кај нас е добра. Ние, сепак, имаме забелешки во однос на превентивните мерки што се преземаат. Депопулацијата на свињите не се спроведува, акцијата е прекината. Надлежените не го усвоија нашиот предлог ловот на дивите свињи да продолжи уште два месеца. Сега, практично, се оди само со зголемување на биосигурносните мерки на фармите, истакнува Шаклев за МИА.

Според него, цената на свинското жива мера не е променета. нема ниту намалување, ниту зголемување.

-Иако имаше услови за поскапување пред новогодишните празници, ние цената не ја зголемивме за да не им нанесеме дополнителен финансиски удар на граѓаните. Едноставно, не сакавме да ги оштетиме. Моментно, килограм свинско жива мера е 100 – 105 денари, нагласува претседателот на Асоцијацијата.

Според последните информации на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во земјава нема африканска чума иако појава на болеста е регистрирана во Бугарија и Србија, а од неодамна се појави и во Грција. мч/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Мицкоски: Имаме најниска инфлација во Европа

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити