Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Утре сончево со променлива облачност и температури до 16 степени

Утре сончево со променлива облачност и температури до 16 степени
300x250 opst2

Времето утре ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната од 11 до 16 степени.

Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од утре времето ќе биде свежо со пониски утрински температури, кои во вторник понекаде ќе се спуштат на некој степен под нулата.

Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја