Утрински Весник
Македонија

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Времето утре ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 31 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Според најавите од УХМР од утре следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината.

До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош