Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Утре сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Img 7972

Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер повторно се очекува во среда.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја