Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и топло, во попладневните и вечерните часови дожд и грмежи

Dik 300x250 mk

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=8

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!