Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и потопло со мала облачност

Утре сончево со мала облачност, стабилно време и во наредните денови

Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните два дена како што најавуваат од УХМР, ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд, а во петок ќе дува засилен северен ветер. Стабилно, сончево и топло ќе биде во деновите од викендот.

Можете да прочитате

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул

Неработен ден утре по повод Рамазан Бајрам