Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и потопло

Утре сончево со мала облачност, стабилно време и во наредните денови

Утре времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност.

Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од УХМР најавуваат дека од утре ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со појава на локален попладневен дожд во северните делови. До среда ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, а во понеделник попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Можете да прочитате

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен