Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и многу топло со температури до 41 степен

Утре сончево и многу топло со температури до 41 степен

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, особено во западните делови.
Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 41 степен. УВ=8

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде околу 18 степени, а максималната ќе достигне 38 степени.

Во недела и понеделник температурата ќе се намали за неколку степени, а од вторник повторно ќе биде во пораст, соопшти УХМР.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна