Утрински Весник
Македонија

Утре сончево време со температура до 39 степени, од петок дожд

Утре сончево време со температура до 39 степени, од петок дожд

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје, претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец и со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

Додека пожарите беснеат, Мицкоски на партиска трибина во Куманово

Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате

Активиран Кризниот штаб во Аеродром, апел за внимателност