Утрински Весник
Македонија

Утре сончево време со температура до 19 степени

Утре сончево време со температура до 19 степени

Утре изутрина ќе биде ведро и студено со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала локална облачност, информира УХМР. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во значителен пораст.

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ со барање до ЈО – Коцевски да не молчи за незаконското следење и злоупотребата на АНБ и АР

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час