Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Утре сончево време со температура до 14 степени

Утре сончево време со температура до 14 степени
Img 7972

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во југоисточните делови ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во недела засилен ветер од југоисточен правец. Во недела кон крајот на денот и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2). Во понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ