Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Утре се отвораат четири нови пункта за вакцинација во Скопје

Утре се отвораат четири нови пункта за вакцинација во Скопје
300x250 opst2

Министерството за здравство информира дека поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат дополнителни четири пункта за имунизација против Ковид. Пунктовите во Скопје кои ќе започнат со работа утре се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.

Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.

„ Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат подеднакво потрошените количини. На располагање се околу 400.000 дози од вкупно сите производители од нив 200.000 за прва доза. За прва доза имаме 80.000 на „Синовак“, 50.000 на „Aстра зенека“ и 70.000 на „Фајзер“. Секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на „Фајзер“ и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината“ соопшти министерството.

Оттаму додаваат дека вакцините се безбедни и се единственото оружје со кое располагаме во борба против Ковид-19. Вакцините штитат од тежок тек на болеста и од смртен исход од вирусот.

„ Само со масовно вакцинирање на населението може да ги спречиме натамошните мутации на овој вирус и затоа, повикуваме на вклучување кон процесот на имунизација на сите граѓани“ велат од Министерството за здравство.

Можете да прочитате

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта