Утрински Весник
Македонија

Утре протест за „Монструм“, ќе бидат затворени неколку улици во Скопје

Утре протест за „Монструм“, ќе бидат затворени неколку улици во Скопје

Утре со почеток од 13.30 часот најавен е протест за „Монструм“, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата.

„СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски““, велат од МВР.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а новинарските екипи своите акредитации да ги носат на видливо место поради нивна заштита.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор