Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно со температури до 16 степени

Утре променливо облачно со температури до 16 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има повремен локален дожд. В четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а в петок и во деновите од викендот ќе има појава на локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури до среда наместа ќе се спуштат под нула.

Можете да прочитате

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

ЦУК со информации за состојбата со врнежите од снег

ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција