Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степен.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Од УХМР најавуваат дека уште утре утринските температури на места ќе се спуштат до околу нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст.

Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Можете да прочитате

Мојсоска: Кој „не ги виде” машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

ВРЕДИ: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ?

Сообраќајка со пет возила на автопатот Штип – Миладиновци