Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно време со температура до 20 степени

Облачно време со пороен дожд и грмежи

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови. Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо време со услови за слаби локални врнежи.

Дневните температури значително ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните од понеделник ќе бидат во постепен пораст.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Корупциска шема со странци: Приведени полицајци и посредници, издадени дозволи за поткуп

Николоски: Договорот со Обединетото Кралство ќе донесе еконoмски бум и стратешки партнер на Македонија

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас