Утрински Весник
Македонија

Утре пристугнуваат респираторите од ЕУ

Филипче: Од утре се скратува полицискиот час

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утре пристугнуваат респираторите кои се донација од Европската Унија за земјава, посочувајќи дека респираторите кои се нарачка од Министерството за здравство ќе пристигнат во периодот што следи.

– Ние успеавме со овој добар менаџмент и сега да имаме апсолутно доволен број аспиратори, но сакам да се подготвуваме за секави сценарија, рече министерот за здравство вечерва во интервјуто на ТВ24.

Тој упати благодарност до Унијата и евроамбасадорот Самуел Жбогар, поради поддршката за здравствениот систем на Северна Македонија од четири милиони евра за справување со состојбата предизвикана од пандемијата од Ковид-19.

– Не се истражени сите аспекти на вирусот. Сега се активни многу истражувања во однос на начин на пренос, дали и колку форми на мутација има вирусот, колку подформи има, кои се начините на лекување кои се ефикасните лекови. Значи ова е нов вирус што се појави на почетокот на оваа година и нормално е во оваа фаза да не се знае се и затоа се сите овие мерки на исклучителен степен на внимателност, нагласи министерот.

Тој во однос на тоа дали сите новодијагностицирани се од оние лица кои се во самоизолација, наведе дека најголемиот број од сите дијагностицирани досега се од луѓето кои се во самоизолација, кај кои има идентификуван контакт и коишто во меѓувреме развиле симптоми.см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава