Утрински Весник
Македонија

Утре претпладне сончево, попладне дожд

Утре претпладне сончево, попладне дожд

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Утре и во четврток попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија

Променливо облачно време со сончеви периоди

Битиќи: Најавеното намалување на ДДВ на горивата на 10% е неадекватна и задоцнета мерка