Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Утре претпладне дожд а во текот на денот ќе биде сончево

Утре претпладне дожд а во текот на денот ќе биде сончево
Img 7972

До крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Повеќе врнежи ќе има во крајните западни и источни делови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во југозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Во Скопската Котлина до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, на места во југозападните делови се уште ќе има услови за слаби врнежи од снег, информираат од УХМР.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје, ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од УХМР најавуваат дека од наредните денови ќе следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја