Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Утре претежно облачно, во утринските часови со слаб снег

Утре претежно облачно, во утринските часови со слаб снег
300x250 opst2

Утре ќе биде умерено до значително облачно. Во раните утрински и претпладневни часови во североисточните и источните подрачја ќе провејува слаб снег. Попладне вдолж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пораст на дневните температури.

Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство  

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор