Утрински Весник
Македонија

Утре облачно и студено со врнежи од дожд

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег, информираат од УХМР.

Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд и со засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната само до 6 степени.

Во понеделник ќе има преодна стабилизација на времето со пораст на дневната температура, а нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда, кога повторно ќе дува засилен северен ветер.

Утринските температури кон крајот на неделата на повеќе места ќе бидат негативни.

Можете да прочитате

Средношколецот Кристијан го фати светиот крст во реката Луда Мара и посака здравје за сите 

МВР: Од утре ќе се тестираат камерите за сообраќаен надзор

Во Дебар по крстот скокаа три дечиња, најсреќен Дамјан Стефановски