Утрински Весник
Македонија

Утре облачно и свежо со локален дожд

Утре облачно и свежо со локален дожд

Утре се очекува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно и свежо со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.

До четврток под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени, најави УХМР.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време со пониски утрински, а повисоки дневни температури. Зголемување на облачноста се очекува во понеделник попладне.

Можете да прочитате

ДУИ ги утврди новите кандидати за градоначалници во Долнени, Пласница и Бутел

Голем пожар во Берово – сите пожарникари и шумска служба на терен, апел за помош од граѓаните

ЗНАМ со Димитриевски во Куманово и Лабудовиќ во Центар