Утрински Весник
Македонија

Утре облачно време со температура до 16 степени

Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно понекаде со сончеви периоди, на места со слаб дожд особено во планинските региони. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Од среда следува период на стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури и со појава на магла по котлините во утринските часови. Утринските температури ќе бидат во интервал од околу нулата до 5 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата