Утрински Весник
Македонија

Утре натпросечно топло, во четврток значително заладување и врнежи од дожд

Сончево со северен ветер

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Времето утре се уште ќе биде натпросечно топло со дневни температури околу 30 степени, но попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за појава на град.

Како што соопшти УХМР, значително заладување ќе има во четврток, кога ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер, па дневната температура ќе биде и за десет степени пониска во однос на денешната (ќе достигне вредности во интервал од 16 до 23 степени).

Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури. мс/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пријавени 14 случаи на семејно насилство за само 24 часа

Скандал во Куманово: Деца пееле песна за градоначалник на училишен настан

Приведени 12 возачи, седум од нив немале возачка