Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Утре и за викендот посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница

Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ
300x250 opst2

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Поради верскиот празник Задушница во текот на утрешниот ден (21.02), како и во деновите од викендот (22 и 23.02), во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Притоа, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.„Александар Урдаревски“, во продолжение по локалниот пат за село Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул. „Боца Иванова“ и излегување од ул. „Боца Иванова“ кон ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ – по ул. „Јужноморавски бригади“ и ул. „Роман Каскалиевиќ“.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и наредбите на униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!

Димитријевиќ од Дебрца: Пензионерите станаа жртва на лагите на Мицкоски и ДПМНЕ

Поранешен сопруг ја следел и вознемирувал жената две години, ОЈО бара притвор