Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Утре дожд и снег, од понеделник температури до 19 степени

Утре дожд и снег, од понеделник температури до 19 степени
Img 7972

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Врнежи од дожд, а на планините од снег под влијание на влажен бран ќе има утре, а од крајот на викендот ќе има пораст на температурите и ќе достигнат до 19 степени.

– Врнежите ќе бидат пообилни утре попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето денеска ќе биде сончево со температура од 9 до 16 стешени, утре минималните од -1 до шест, а дневните од 3 до 12 степени. В сабота и в недела  максималните температри до 13 односно 15 степени по што на почетокот на следната недела ќе се искачќат до 19 степени.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово