Утрински Весник
Македонија

Утре дезинфекција и дератизација на територија на општина Тетово 

Утре дезинфекција и дератизација на територија на општина Тетово 

Тетово, 12 март 2020 (МИА) – Општина Тетово соопшти дека на денешниот прв состанок на меѓуинституционалното координативно тело се донесени одлуки за преземање мерки за заштита од ширење на корона вирусот. Започната е дезинфекција на сите детски градинки, дневни центри за деца, основни и средни училишта која утре треба да се прошири.

– В петок 13.03.2020 година ќе започне дезинфекција и дератизација на јавни места и објекти на територијата на општина Тетово. Ова е мерка на претпазливост која е потребна за да се спречи ширењето на коронавирусот. Општина Тетово ќе го минимизира бројот на административен персонал и ќе ги ослободи од работа ранливите категории од овој вирус како лица со хронични болести. Општина Тетово започна со дезинфекција на сите детски градинки, дневни центри за деца, основни и средни училишта на територијата на општина Тетово, информираат од локалната самоуправа.

Од општина Тетово апелираат до граѓаните да се придружуваат до мерките на претпазливост и превенција кои ги препорачаа институциите. ас/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште едно заминување од кругот на Таравари – Абази на чело на КХВ

Во Министерството за односи со заедниците нема повеќе ќебапи на државна сметка

Сообраќајка на експресниот пат Градско – Прилеп – во целосен прекин е ставен сообраќајот