Утрински Весник
Свет

Утре годишна прес-конференција на Путин: потребни се три ПЦР-теста за учество

Утре годишна прес-конференција на Путин: потребни се три ПЦР-теста за учество

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе одржи традиционална годишна прес-конференција.

Поради мерките против коронавирусот, годинава бројот на новинари ќе биде ограничен на 500, а конференцијата ќе се одржи на поголем простор. За учество на конференцијата, ќе бидат потребни три ПЦР-теста.

Големата конференција на Путин е годишен настан што се одржува од 2001 година. По правило, шефот на државата првин ги објавува главните економски и социјални показатели, а потоа новинарите имаат можност да поставуваат прашања.

Можете да прочитате

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата