Утрински Весник
Македонија

Утре без вода дел од корисниците во општина Центар

Утре без вода корисниците од „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и бул.„Борис Трајковски“

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – ЈП „Водовод и Канализација-Скопје“ известува дека утре поради исклучување на стари водоводни мрежи на улиците „Питу Гули“ и „Караорман“, без водоснабдување ќе бидат дел корисниците во Центар.

Без вода ќе бидат жителите на улицата „Питу Гули“, и дел од корисниците на улиците „Ганчо Хаџипанзов“, „Леринска“ и „Ловќенска“.

Водоснабдувањето во тој дел од Скопје ќе биде од 09:00 часот до завршување со активностите, информира ЈП „Водовод и Канализација-Скопје“. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МОН: Затворен приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

И покрај долгот од над 10 милиони евра, „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со нафта – вели Јахоски

Вардар пресуши, Гостивар остана без својата најголема природна убавина