Утрински Весник
Македонија

Утре автобусите ќе возат по неделен возен ред

За празникот дежурни ќе бидат три билетарници на ЈСП

ЈСП информира дека утре, петок, поради државниот празник 23 Октомври- Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Истиот режим ќе важи и во сабота и во недела.

Утре, петок (23.10.2020 год) и во недела (25.10.2020 год), дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот отворени ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и на Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка