Утрински Весник
Економија

УСЈЕ: Емисиите од работата на Цементарница постојано се под граничните вредности

Цементарница УСЈЕ тврди дека работи по највисоки стандарди, граѓанскиот сектор со неколку барања до Владата

Скопје, 3 април 2020 

Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон.

Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

Производството запира доколку филтрите не работат.

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина

Кога печките на Цементарница УСЈЕ работат, тие работат 24 часа

Цементарница УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

Производството на цемент е поинтензивно лете, отколку зиме

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо лете, отколку зиме.

Цементарница УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи, медиумите во кое и да е време да ја посетат компанијата и да добијат орговори за сите прашања од интерес. Контакт e-mail: contact@usje.mk.

Цементарница УСЈЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст