Утрински Весник
Македонија

Уставноста и законитоста на „мораториумот на градби“ пред Уставниот суд

Уставноста и законитоста на „мораториумот на градби“ пред Уставниот суд

Уставниот суд денеска расправа за оценка на уставноста и законитоста на 6-тата точка од дневниот ред, Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, донесена на 27.03.2019 година.

„По поднесената иницијатива до Уставниот суд, Општина Центар даде навремен и соодветен одговор со кој ја оспори истата како неоснована.Цениме дека деталните урбанистички планови мора да бидат усогласени со генералниот урбанистички план како план од повисок ранг.

Одлуката што Општина Центар ја има донесено на 27.03.2019 не е во спротивност на важечките прописи и истата има за цел да го заштити јавниот интерес кој е примарен за сите жители, а е загарантирано согласно Уставот“, соопшти Општина Центар.

Според нив, просторното и урбанистичко планирање е еден долготраен и плански процес кој опфаќа низа дејствија кои сами по себе си се надополнуваат и си противречат во смисла на размена на идеи и плански реализации. Тоа има за цел да обезбеди и заштити сè она што претставува хуман и нормален човечки развој на одреден простор, почитувајќи го јавниот интерес како примарен.

„Оттука, хиерархијата на планските документи при носењето на урбанистичките планови мора да биде запазена бидејќи таа е суштинска при оправданоста во постапката на донесување на пониските акти кои произлегуваат од повисоките.Општина Центар останува доследна и посветена при спроведувањето и реализацијата на деталните урбанистички планови во интерес на граѓаните и општината“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели