Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста и законитоста на одлуката за распуштање на Собранието

Уставниот суд не поведе постапка за амнестијата за „27 април“

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Не постојат услови за прифаќање на иницијативата на судијата д-р Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/2020), едногласно одлучија судиите на Уставниот суд на денешниот работен состанок по завршувањето на XII седница на Судот.

-Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост. Притоа, тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата, велат од Уставниот суд. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири

Мицкоски на гробиштата во Кочани, запали свеќи за загинатите деца

Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона