Утрински Весник
Македонија

Успешно заврши државниот карантин за првите 160 македонски граѓани

Успешно заврши државниот карантин за првите 160 македонски граѓани

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија информира дека денеска успешно завршува државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија.

-Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот КОВИД-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите, наведуваат во соопштението од владината прес-служба. скс/рп/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија 

Утре облачно време со сончеви периоди

Кривична пријава за убиство на свиреп начин во кумановско