Утрински Весник
Економија

Успешна сезона на патеката за Peugeot Sport Customer Racing

Успешна сезона на патеката за Peugeot Sport Customer Racing

Peugeot Sport Customer Racing ја заокружи сезоната на тркачките патеки со две места на подиумот на последната рунда при TCR Europe во Jarama. Тоа беше викенд кој беше целосно во чекор со 2020 година каде – и покрај отежнатите услови од пандемијата „Ковид-19“, – натпреварувачите на Peugeot Sport продолжија да ја демонстрираат својата безгранична страст кон трките во име на брендот и да остварат неколку одлични перформанси.

И покрај одложениот почеток на сезоната, Peugeot Sport одговори и соодветно се прилагоди на промената на околностите, овозможувајќи им на своите натпреварувачи од Rencontres Peugeot Sport да се вратат на патеката што е можно побрзо и безбедно. Водени од потребата за споделување, чувство за заедништво и забава на патеката, Rencontres Peugeot Sport се состоеше од преку сто автомобили кои учествуваа на трките во Дижон, кога серијата продолжи повторно во второто коло на Val de Vienne. Сето ова покажува дека невообичаените околности оваа година не ги нарушија принципите на удобност и спортска правичност што ги направија овие две рунди успешни во 2020 година.

– Иако сезоната беше скратена, со откажани две средби во Ногаро и Магни-Курс, сепак испорача извонредна акција на теренот, што целосно го оправда доделувањето титули и награди. По завршувањето како вицешампион во 2019 година, Флоријан Бриже (JSB Compétition) ја заврши годината како севкупен победник на 208 Racing Cup, додека Вини Белтрамели (Ropars тркачки тим) преку четирите пласмани на подиумот што ги постигна минатата сезона да се најде на врвот на поредокот на јуниори. Тиери Блез (New Team Compétition) се истакна во категоријата Gentlemen Drivers. Во меѓувреме, AP Compétition (#123) со GPA го освои 208 Relais во генералниот пласман, Bresse Auto Racing (#239) ја освои категоријата Gentlemen Drivers. И на крај, Трофејот Peugeot Edurance го освои Bresse Auto Racing (#839) во делот 208 Racing Cup и Тимот Peugeot Poissy (#847) во класата 206 S16a.

На европската сцена, Peugeot 308 TCR го истакна целиот спектар на својата конкурентност и разноликост. Почнувајќи од мошне конкурентниот TCR Europe, каде што во неколку наврати JSB Compétition и Team Clairet Sport се бореа против елитата на европските автомобили трки. Вкупно пет места на подиумот им припаднаа на Jулиен Брише (една победа на трката, едно второ место и едно трето место) и Теди Клер (едно второ место и едно трето место), додека Стефан Вентаја го освои трофејот Yokohama во класата „Diamond“ доделена во Gentlemen Drivers. Во меѓувреме, Мајкл Маркусен исто така блескаше во Peugeot 308 TCR на натпреварот TCR Данска освојуваќи три места на подиумот и завршувајќи на шестата позиција во генералниот пласман.

– Перформансите на Peugeot 308 TCR го привлекоа вниманието наоколу, каде со данскиот тим Brian Madsen Sport веќе потврди дека не помалку од пет автомобили ќе учествуваат на националниот TCR шампионат во 2021 година. Австралискиот тим Garry Rogers Motorsport подеднакво одлучи да го потврди учеството на локалното првенство во ТСR, одржувајќи ги трите автомобили во добра состојба за 2021 година.

ШТО КАЖАА ТИЕ …

Olivier Fuet, Менаџер на Peugeot Sport Circuit Customer Racing

„Направивме се’ што можеме за нашите натпреварувачи да можат да се вратат во колосек по многу тешкиот почеток на годината за сите нас. Бевме воодушевени што видовме толку многу среќни натпреварувачи, полни со ентузијазам! Тие ја изразија натпреварувачката страст која сите нас не одликува и штом дозволи здравствената состојба, можевме да понудиме професионална организација и атмосфера. И за Peugeot 308 TCR и за Rencontres Peugeot Sport, работењето во оваа исклучителна сезона беше корисно за нашите тимови, и отвори можност за незаборавни искуства “.

Florian Briché, победник на „Rencontres Peugeot Sport “, категорија 208 Racing Cup

„Како возачи, ние секогаш сакаме повеќе, па очигледно дека би сакал да продолжам вака до крајот на сезоната и да можам да продолжам да се „борам“ на патеката. Земајќи го тоа во предвид, сепак сум задоволен што оваа година можевме да се тркаме воопшто и сум задоволен од моите резултати! “

ПЛАСМАН НА RENCONTRES PEUGEOT SPORT

208 Racing Cup

Генерален пласман

1. Florian Briché – JSB Compétition
2. Benjamin Mosson – GPA Racing
3. Yannick Blanc – GEDI Racing

Категорија Јуниори

1. Viny Beltramelli – Ropars Racing Team
2. Colin Boreau – Boreau Team Sport
3. Florian Venturi – VTR

Категорија Gentleman Driver

1. Thierry Blaise – New Team Compétition
2. Franck Niclot – GM Sport
3. Michel Faye – GM Sport

208 Relais

Overall standings
Генерален пласман

1. #123 – AP Compétition by GPA
2. #415 – GPA Racing
3. #213 – New Team Compétition

Категорија Gentleman Driver

1. #239 – Bresse Auto Racing
2. #173 – Savoie Compet’ со GM Sport
3. #276 – ACAC LP Motorsport со GM

Трогеј Peugeot Endurance

208 Racing Cup standings
Категорија 208 Racing Cup

1. #839 – Bresse Auto Racing
2. #837 – Tим Peugeot Poissy
3. #817 – Tим Peugeot Poissy

Категорија 206 S16

1. #847 – Tим Peugeot Poissy
2. #844 – Tим RV Compétition 82
3. #840 – Тркачки клуб Bologne

 

 

(ПР текст)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен