Велес, 10 јуни 2020 (МИА) – Во просториите на велешката касарна „Алексо Демниевски- Бауман“ денеска се одржа крводарителска акција во која припадниците на Армијата даруваа вкупно 25 крвни единици.
Поголем дел од дарителите, или 23, како што информира Орце Николов секретар на ОО Црвен крст – Велес, беа од машки пол, а две од женски.
– Овие резултати се многу добри, ако се има предвид фактот дека во моментов во касарната нема војници доброволци и дека даруваа само професионалните војници, офицерите и подофицерите кои се на служба во Велес, информира Николов.
Акцијата за доброволно дарување крв, како и во изминатите години, ја организираа Инситутот за трансфузиона медицина и Црвен крст заедно со Општинска организација на Црвен крст Велес.
За време на акцијата биле преземени сите мерки за безбедност како превенција од ширење на Ковид-19.
Денешната крводарителска акција во велешката Касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ е прва од трите планирани за оваа тековна 2020 година. Таа денеска се одржа по претходни две одлагања. ад/мс/