Утрински Весник
Свет

Успех во Израел: Тел Авив го затвори последното ковид-одделение

Успех во Израел: Тел Авив го затвори последното ковид-одделение

Кампањата за вакцинација во Израел веќе се покажа како успешна. Друг доказ дека пандемијата во Израел е при крај е болницата „Ичилов“ во Тел Авив, која го затвори својот ковид-одделение, објави Кликс.ба.

Болницата Ичилов во понеделникот објави дека го затворила последното активно одделение за лекување на пациенти со коронавирус, по падот на бројот на заразени во Израел. Последните пациенти со ковид кои беа хоспитализирани во болницата Ичилов, главниот болнички комплекс што му служи на Тел Авив и на неговото градско подрачје, закрепнуваат.

„Околу 600 пациенти во моментов се заразени со вирусот корона. Минатата година во ова време имавме стотици пациенти, утрово само десетина. Се враќаме на нормалните пациенти, кои немаат коронавирус“, рече еден лекар.

Кампањата за вакцинација во Израел е најдобра во светот, а 60% од популацијата беше имунизирана, што овозможи враќање на животот во пред-пандемиската норма.

Поголемиот дел од постарата израелска популација веќе е вакцинирана, а милиони луѓе веќе се под заштита на првата доза на вакцината. Новите инфекции се намалени на три проценти од испитаните, болниците се празнат, а претпазливите епидемиолози се оптимисти.

Светските медиуми сè повеќе ја пренесуваат атмосферата од улиците на израелските градови преполни со луѓе, а сликите од Израел даваат надеж дека животот во остатокот од светот наскоро ќе започне да се нормализира, пишува Кликс.ба.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме