Во Јужна Америка започнаа квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Во првото коло победи забележаа Уругвај и Аргентина додека Парагвај и Перу ремизираа 2.2.
Аргентина го победи Еквадор со 1:0 со голот на Меси во 13 минута. „Гаучосите“ доминираа во текот на целиот меч, но покрај голот имаа само уште две сериозни шанси за постигнување на гол преку Окампос и Да Паул.
Уругвај во драматичен финиш го победи Чиле со 2:1. Макси Гомез го постигна голот за победа во 93 минута. Претходно Уругвај постигна гол од пенал во 39 минута, реализиатор беше Луис Суарез, а во 54 минута израмни Алексис Санчез.
Парагвај и Перу одиграа 2:2, сите голови беа постигнати во вториот дел. Кариљо во 52 мнута погоди за предност на Перу, а израмни Ромеро во 67 минута. Целосен пресрврт направи Анхел Ромеро во 81 минута, меѓутоа Кариљо со својот втор гол го постави конечниот резултат.
> Уругвај до победа во 90+3 минута, минималец на Аргентина <