Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Уригвај ја згази Колумбија, голчиште на Видал, Бразил низ „иглени уши“

Уригвај ја згази Колумбија, голчиште на Видал, Бразил низ „иглени уши“
300x250 opst2

Уругвај, Бразил и Чиле остварија победи во третото квалификациско коло за Светското првенство во 2022 година.
Уругвајците нагости беа убедливи против Колумбија со 3-0. Тандемот Кавани – Суарез и понатаму функционира. Кавани повторно во уругвајскиот дрес по пауза од една година и веднаш се запиша во листата на стрелците. Вториот гол беше дело на Суарез, од пенал, а третиот на Давид Нуњес.

Чиле рутински со 2-0 го совлада Перу на свој терен. Двоен стрелец беше Артуро Видал, а голот што го постигна во 20 минута беше фантастичен, можеби негов најубав во кариерата.

Бразил во Сао Паоло се намачи против Венецуела и дојде до минимален триумф од 1-0. Бразилците на овој меч беа без Каземиро, Кутињо и Нејмар, а стрелец на единстваниот погодок вреден три бода беше Фирмињо во 67 минута.

> Уригвај ја згази Колумбија, голчиште на Видал, Бразил низ „иглени уши“ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица