Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ураганот „Хенри“ ослабен во тропска бура, стигна до Америка, милиони луѓе се подготвуваат за поплави

Ураганот „Хенри“ ослабен во тропска бура, стигна до Америка, милиони луѓе се подготвуваат за поплави
300x250 opst2

Ураганот „Хенри“ утрово ослабна и се претвори во тропска бура, додека милиони луѓе на њујоршкиот „Лонг Ајленд“ и јужниот дел на „Нова Англија“ се подготвуваат за поплави и прекин на електричната енергија.

По ажурирањето на податоците од најновата ситуација, во осум часот наутро по источно време од Националниот центар за урагани (НХЦ), бурата имаше сила со брзина од 70 километри на час, пишуваат светските медиуми.

Најсилните ветрови се на брегот на Род Ајленд, а плимата се заканува да предизвика опасни бранови.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден разговарал за подготовките со гувернерите на Североисток и дека почнал да ги одобрува вонредните декларации во пресрет на невремето.

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица