Утрински Весник
Македонија

Управниот Суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Управниот Суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата
Dik 300x250 mk

Владата соопшти дека како тужена страна, го доби решението од Управниот суд со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи, застапувано од министерот Наќе Чулев, поднесена за наводна повреда на административните процедури при донесување на Одлуката на Владата за поништување на решение за разрешување на Амир Далип од позицијата началник на Сектор за внатрешни работи – Тетово и за именување на дополнителен заменик началник на СВР-Тетово, се отфрла и постапката на министерот за разрешување и именување се оценува како незаконита.

Според образложението на судскиот совет, Управниот Суд, имајќи го предвид членот 2 од одлуката на Владата, согласно член 48, став 2, од Законот за Влада, во кој се определува постапка во случај на сомневање од можно незаконско постапување од страна на министерот, најде дека тужбата на министерот Чулев е беспредметна, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Врнежи, засилен северен ветер и продор на ладен воздух од север во Македонија

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра