Утрински Весник
Македонија

Управниот суд ги одби сите тужби oд Левица во врска со изборите

Левица поднесе 101 тужба против ДИК: Секој наш приговор бил шаблонски одбиен за помалку од три секунди

Управниот суд попледнево ги одби и последните 23 од поднесените 101 тужба од Левица и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, кои оваа партија ги оцени како спорни.

Тужбите поднесени од Левица денеска се разгледуваа на повеќе јавни расправи на судот.

Освен по тужбите од Левица, Управниот суд денеска треба да одлучи и по тужбите од Социјалдемократска Унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.

Две тужби има поднесено ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, а една партијата Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш Северна само Македонија”, за кои Управниот суд ќе одлучува утре.

Претходно денеска од Управниот суд, информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на ДИК.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија