Утрински Весник
Македонија

Управата за извршување на санкциите – Заболени осудени и притворени лица нема, од 11 март забранети се контакти со надворешниот свет

Управата за извршување на санкциите – Заболени осудени и притворени лица нема, од 11 март забранети се контакти со надворешниот свет

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Управата за извршување на санкциите согласно владините препораки од 10 март годинава донесе забрана за контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет и презема мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита, информираат од Управата за извршување на санкциите.

– Ја демантираме информацијата за појава на заболени осудени и притворени лица од новиот корона вирус – COVID 19 кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава, се вели во соопштението од Управата за извршување на санкциите во врска со изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи на порталот „Журнал.мк“, а потоа истата прифатена и од порталот „Курир”.

Од Управата нагласуваат дека веднаш по препораките на Владата од 10.03.2020 година донеле Наредба со која од 11.03.2020 се забранети контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет, а исто така преземени се сите мерки за одржување  високо ниво  хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита.

– Новодојдените лица се сместуваат изолирано се до моментот кога ќе се утврди дека во периодот на инкубација, не пројавиле симптоми на болеста. Сите вработени во казнено-поправните установи исто така ги почитуваат препорачаните мерки за заштита при меѓусебните контакти и контактите со осудените и притворените лица, се вели во соопштението.

Од Управата, исто така, наведуваат дека доколку во  која било казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и ќе се преземат мерки согласно со препораките. аа/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Внимавајте, полицијата засилено казнува за еден сообраќаен прекршок